МК Сцена
Се прават последните подготовки: „Макфест 2022“ носи модерен звук, ова се дел од учесниците!
Полека, но сигурно се ближиме кон 37-то издание на најреномираниот музички фестивал во нашата земја, „Макфест 2022“, кој ќе се одржи на 21-ви и 22-ри октомври во Штип.
Градот под Исарот и оваа година ќе биде домаќин на фестивалот кој е еден од главните „столбови“ на македонската музичка сцена наназад низ годините, а по се изгледа така ќе биде уште долги години.
Се разбира, во овие 37 години на овој фестивал настапиле стотици изведувачи, најмногу од Македонија, а учесници имало и од земјите од регионот, па и пошироко.




