МК Сцена
Бојана ви ја претставува баладата „Сонце меѓу сенките“ (ВИДЕО)
По одличната „Среќа и несреќа“ Бојана Скендеровски на јавноста ѝ ја претставува моќната балада со наслов „Сонце меѓу сенките“. И оваа композиција, како што веќе и најави Бојана, ќе биде дел од новиот студиски материјал што паралелно се подготвува и за домашниот, но и за пазарот во соседството.
-Интересно за оваа тема е што воопшто не ми беше во план ниту да ја снимам ниту да се најде на веќе најавениот албум, но штом ја слушнав буквално се вљубив, што се вели, на прво слушање и едноставно не можев да ѝ оддолеам, па морав да ѝ најдам место на албумот. Се работи за песна, и текст и музика, која буди некоја магична емоција, и навистина верувам во неа – вели Бојана.
Текстот за „Сонце меѓу сенките“ е со потписот на Робин Зимбаков, додека музиката и аранжманот се на Срѓан и Кристијан Јовановиќ. Спотот, пак, чија приказна го следи самиот текст е снимен со режисерот Дарио Јанковиќ и на повеќе локации низ главниот град.




