МК Сцена
Серијалот уникатни настани во Интермецо продолжува со ексклузивниот настап на Петар Грашо
Една од најголемите хрватски ѕвезди, фантастичниот Петар Грашо доаѓа во Скопје, но овој пат во сосема поразлично издание и на сосема поразлична локација – Грашо ќе биде дел од серијалот ексклузивни настани во првиот и единствен музички бар кај нас Intermezzo music bar.
„Ако те питају“, „Уторак“, „Ко нам брани“… се само дел од темите кои ќе се најдат на репертоарот на Грашо кого домашната публика за прв пат ќе има можност да го види во вакво издание – со ексклузивен настап и во амбиент каков што, како што вели, нема во големите концертни сали.
Гостувањето на Грашо затоа е уникатна можност не само да се ужива во неговата музика, туку и да се биде близу до човекот за кого велат – тој е најдобриот пејач меѓу кошаркарите и најдобриот кошаркар меѓу пејачите.




