Зафир Хаџиманов би се гордеел: Бојана и групата „Мерак“ го преработија неговиот познат хит од 1988 година (ВИДЕО)
„Една ноќ ме зема, а сега те нема. Како лист ме скина, животот ми мина. Да си мерак песна да те испеам…“, се стиховите кои ја одбележаа далечната 1988 година. Темата “Да си мерак песна“ која тогаш на Макфест ја испеа легендарната Бисера Велетанлиќ, денес, после 33 години повторно ги оживеа пејачката Бојана Скендеровски заедно со составот „Мерак“.
Премиерата на композицијата се случи вчеравечер, песната официјално беше претставена на Јутјуб каналот на пејачката, а за идејата и реализацијата Бојана и момците од „Мерак“ го открија следново:
„Темата беше авангардна и за тоа време, така што решивме многу да не ја менуваме, не сакавме да додаваме или одземаме нешто на некое дело кое е маестрално само по себе. Ја освеживме со мали промени и тоа е се’“, рече Бојана.



