МК Сцена
Заврши „Охрид-фест 2020“: Најмногу гласови публиката за „Скопски боеми“
Почитувајќи ги мерките донесени поради пандемијата со корона- вирусот (задржана физичка дистанца помеѓу публиката, носење заштитни маски и мерење на температура на влезот), овој викенд, на најубавата сцена на Балканот – на Долни Сарај, се одржа популарниот „Охрид-фест“.
На фолк изданието на фестивалот слушнавме и видовме, преку директниот пренос на МРТ, 19 композиции, а бодувањето се случуваше со гласовите на наши и со радијата од дијаспората, и секако со гласовите на жирито, присутно на фестивалот.
Првата награда од публика им припадна на „Скопски Боеми“ кои ја изведоа „Љубовта е скапа играчка“ (муз. Петар Кан, т. Огнен Неделковски и ар Цане Петров).
На Ибро Лабунски му припадна втората награда а тој ја изведе „Анѓо моја судбино“ (муз и текст Ибро Лабунски, ар. Суад Усеин Цуле), додека третата награда од публика ја доби Благоја Грујовски: „Не се будам без тебе“ (муз. Иво Горов, т. Огнен Неделковски и ар. Љупчо Соколовски).





