МК Сцена
Заврши вонредното издание на „Д Фестивал“ во Дојран (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Вонредното, распродадено издание на единствната летна авантура кај нас – Д Фестивал, кое се одржа во саботата, на главната бина во Дојран, помина во беспрекорна организација и почитување на протоколот од почеток до крај. Голем аплауз за најдобрата публика на Д фестивал која помогна фестивалот да порасне во стандард за организација на концерти.
Великаните на македонската музика, едни од најквалитетните музички изведувачи на домашниот терен – Суперхикс, Бернејс Пропаганда, Плутос Даутс, Дон Плеја, Бон Праскиза, Принцес Донатсу, Глуми и ЛД Пистолеро заедно со диџеј Гоце, Ронин и Страјк.
По отворањето на фестивалските врати, програмата веднаш започна со еден необичен и интересен настап на GLOOMIE, каде публиката имаше шанса да го чуе и види процесот на правење музика и да гласа за најдобриот бит. За прв пат во Дојран, настапија младите и талентирани PLUTO’S DOUBTS, претставувајќи се со песните од нивниот прв албум “Сизиф”, а публиката имаше шанса и премиерно да го чуе нивниот нов сингл “Слепа за луѓе свои”. По нив, сцената ја преземаа предводниците на новиот трап звук – DON PLAYA, PRINCE$$ DONATSU & BON PRASKIZA, познати како MVR SVR. Како и секогаш, уникатни во својата изведба. Настапија и долгогодишните пријатели на Д Фестивал – BERNAYS PROPAGANDA, едни од најуспешните музичари во регионот и хероите на независната домашна музичка сцена. Без разлика дали станува збор за илјадници луѓе или лимитиран број на посетители, бандата инструментале SUPERHIKS повторно успеаја да ја разиграат и расположат публиката. За најдобар крај на вечерта, LD PISTOLERO придружен од DJ GOCE, RONIN и STRAJK, со нивниот енергичен и незаменлив настап ја затворија бината на Д Фестивал 2020.




