Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Петто јубилејно издание на „Skopje Calling – Macedonia`s finest“

МК Сцена

Петто јубилејно издание на „Skopje Calling – Macedonia`s finest“

За петтото јубилејно издание на SKOPJE CALLING Festival кое ќе се одржи на 12-ти септември на стадионот на АРМ- open air, се решивме нашето, а и вашето внимание да го насочиме кон пионерите и кон младите сили на домашната музичка сцена.

Бирајќи внимателно, создадовме оргинална и избалансирана комбинација на креативност, свежина и традиција…, со други зборови, на SKOPJE CALLING 2020, MACEDONIA’S FINEST EDITION, оваа година ги имаме: Foltin, Last Expediton, Pluto’s Doubts и surprise act за кој дополнително ќе ве известиме.

Pluto’s Doubts се тука да ни ја пренесат новата шармантна скопска авангарда, Last Expedition да ни покажат на што работеле за време на долгогодишната музичка пауза и да не’ потсетат што значи да се биде ,,добрата стара школа”, а FOLTIN, со Late Night Cabaret Performance да ни покажат, барем на час и половина, како е да се живее младешки без обѕир, раскошно, блудно и некомерцијално :)

За крај, објектот на изненадување е една млада, експлозивна, препознатлива фела која е истовремено и дефинитивен домашен лидер на live сцената. Како приказнава би останала слатка и примамлива- нивното официјално откривање го оставаме за една недела од сега, 31-ви август.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре наутро, по цена од 600 денари и истите можат да се набават на avalon.mk, нашата продажна мрежа, како и во Avalon Music & Ticket store во ГТЦ.

Се разбира дека и овој настан, исто како претходните, ќе биде реализиран според сите утврдени и одобрени протоколи од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Само дома си е дома!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.