Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МУЗИЧКИ ВРЕМЕПЛОВ ВО ФИЛХАРМОНИЈА: Шармантниот Брајан Фери ги освои срцата на публиката

ФОТО: ПОПУЛАРНО.МК

МК Сцена

МУЗИЧКИ ВРЕМЕПЛОВ ВО ФИЛХАРМОНИЈА: Шармантниот Брајан Фери ги освои срцата на публиката

Неверојатно харизматичен и шармантен на сцената, иако има 73 години, Брајан Фери во Скопје испорача уште една незаборавна вечер, исполнета со сите негови хитови и хитовите на Roxy Music (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy.), како и песните од последниот негов албум „Avonmore“.

На сцената беше придружуван од 12 неверојатни музичари кои се претставија со свои соло настапи во текот на вечерта.

Патувајќи од времето на првиот албум на “Рокси мјузик” , преку “Slave to Love”, “Let’s Stick Together” и “Jealous Guy” за крај, концертот беше осмилен како музички времеплов, кој потсетуваше на убавите времиња од минатото.

Најмногу внимание привлече саксофонистката и игрите со нејзината сенка кои беа само дел од ова визуелно и музичко богато шоу.

Концертот беше во организација на Авалон продукција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.