МК Сцена
МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА: Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје
После концертот на Sting, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан.
Во рамките на својата светска турнеја „Vita ce n`e’“ која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, ЕROS RAMAZZOTTI ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.
Нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера, доволно е само официјално да се објави дека ЕROS ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА!




