МК Сцена
Музичкиот великан Морисеј на 16-ти октомври со концерт во Скопје!
На задоволство на многу фанови во Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово … Авалон продукција договори концерт на еден од најголемите Британски музичари на сите времиња, Steven Patrick Morrissey.
Едноставно, британски и џентлментски Morrissey на 10-ти декември 2014 во Белград на Бобан Милошески му вети и го одржа својот збор дека сака да настапи во Македонија!
Ова е навистина ретка можност во Скопје да настапи артист од таков уметничко – артистички профил како Morrissey, фронтменот на Легендарните The Smits со кои сними 4 култни албуми кои денес се вклучени во сите можни музички енциклопедии но и човекот кој со 10 албуми во својата соло кариера, секогаш е на врвот на сите музички топ листи.


![11048741_1090530890974937_7597093249600223847_n[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/07/11048741_1090530890974937_7597093249600223847_n1.jpg)


