Музика
Brass Brothers и MIYATTA го претставуваат својот прв заеднички проект „I Wanted More”
Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните живи настапи ви ја претставува најновата песна, насловена „I Wanted More“, создадена во соработка со македонската пејачка и кантавторка MIYATTA.
Во оваа интересна музичка соработка, популарниот македонски бенд Brass Brothers и MIYATTA ги обединија своите сили за да ни го претстават својот прв заеднички проект, „I Wanted More“. Ова ново музичко издание е моќна музичка симбиоза која ги спојува уникатните звуци на бендот со прекрасниот вокал на MIYATTA.
„Ни беше задоволство да соработуваме со MIYATTA. Нејзиниот уникатен вокален стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата која сакавме да ја пренесеме преку оваа музичка творба“, ни изјавија од Brass Brothers.




