Доделени Американските музички награди во Лос Анџелес
49. издание на наградите AMA ги прослави извонредните достигнувања во музиката во сите жанрови, а се одржаа во театарот Мајкрософт во Лос Анџелес.
Како и секоја година, на церемонијата се собраа многу познати личности и ги подготвија најдобрите комбинации на облека за позирање на црвениот тепих.
Раперката Карди Би (29), која беше и водителка на програмата, на доделувањето промени три стајлинзи. Таа облече фустан во црна боја од дизајнерката Елсе Скиапарели и го збогати изгледот со црн вел и златна маска со огромни златни обетки. На рацете имаше долги ракавици со златни прсти.




