Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Адел го објави долгоочекуваниот албум „30“

Музика

Адел го објави долгоочекуваниот албум „30“

Маркетинг

Адел го објави долгоочекуваниот албум „30“

„30“, новиот албум на глобалната музичка ѕвезда Адел, беше објавен денеска и е поставен на сите дигитални платформи.

Долгоочекуваното издание го најави синглот „Easy On Me“, кој се најде на врвот на листата на Billboard Hot 100 синглови и постави нови рекорди во стриминг, прегледи и радио емитување низ целиот свет. Нејзиниот американски ТВ специјал Adele One Night Only, за време на кој таа премиерно изведе неколку нови песни – „I Drink Wine“ „Hold On“ и „Love Is A Game“, е најгледаното шоу на американската телевизија оваа година, повеќе гледано од Оскарите!

Музичките критичари кои имаа можност да го слушнат албумот, едногласно се согласуваат дека ова е најкомплетниот албум на пејачката до сега, а магазинот Rolling Stone ѝ додели максимални пет ѕвезди, истакнувајќи дека „Адел никогаш не звучела помоќно и дека ова е дефинитивно нејзиниот најдобар албум досега“. Variety се согласува и го опишува „30“ како „побогата и покомплетна колекција песни од сите нејзини претходни“, а Clash го нарече албумот „личен и уметнички триумф на пејачката“.

Продуценти на албумот 30 се Грег Курстин, Макс Мартин, Шелбек, Тобијас Џесо Џуниор, Инфло и Лудвиг Горансон.

Редоследот на песни на албумот „30“ изгледа вака:

1.Strangers By Nature

2.Easy On Me

3.My Little Love

4.Can I Get It

5.I Drink Wine

6.All Night Parking (with Erroll Garner) Interlude

7.Woman Like Me

8.Hold On

9.To Be Loved

10.Love Is A Game

 

 

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.