Музика
ЕГЗИТ 2022: Едно од највпечатливите изданија на ЕГЗИТ Фестивал!
По четири дена и ноќи заврши ЕГЗИТ (EXIT) Фестивалот, низ чии капии од 7 до 10 јули поминаа повеќе од 200.000 посетители. Фантастични концерти, импресивни диџејски сетови и ретко видена енергија со која блескаа и публиката и хедлајнерите, како големите Ник Кејв и Калвин Харис, го подигнаа прагот на фестивалското доживување кое од Петроварадинската тврдина го понесоа посетителите од повеќе од 100 земји во светот.
ЕГЗИТ продукциски и жанровски направи неколку чекори напред, што јасно се виде на најголемите фестивалски бини и зони. Неверојатните впечатоци кои главните ѕвезди, како што се Иги Азалија, „Сепултура“, Борис Брејча и „АРТБАТ“ ги споделија со фановите, но и фактот дека ЕГЗИТ за прв пат имаше домашен хедлајнер, Ана Ѓуриќ Констракта, потврдија дека овие четири дена од јули го донесоа едно од највпечатливите изданија во историјата на ЕГЗИТ, еден од најголемите во Европа и убедливо водечкиот настан за регионалната фестивалска публика.








