Мајли Сајрус и Калвин Харис доаѓаат на „Сани хил“ во Приштина
Фестивалот „Sunny Hill“ е меѓународен музички фестивал со највисоки стандарди, кој ја става Приштина на мапата на фестивали како културно место што не треба да се пропушти, во земја што ја сака музиката и знае како да се забавува.
Фестивалот „Sunny Hill“ ги поканува сите љубители на музиката од целиот свет да дојдат и да уживаат во несекојдневниот настан, како и во изведбите на некои од најпознатите изведувачи на нашето модерно време.
Фестивалот може да се пофали со импресивна листа на изведувачи.




