Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НАЈАВЕНИ ПРВИТЕ ЅВЕЗДИ: Лајам Галагер, Пол Калкбренер и Хардвел на Егзит 2017!

Музика

НАЈАВЕНИ ПРВИТЕ ЅВЕЗДИ: Лајам Галагер, Пол Калкбренер и Хардвел на Егзит 2017!

Еден од најнаградуваните музичари на сите времиња, основачот и пејач на групата Oasis, Liam Gallagher, ќе го отвори EXIT фестивал во четврток, на 6-ти јули!

Liam со Oasis има освоено дури 37 најпрестижни музички награди, а овој манчестерски бенд кој медиумите го прогласија за наследник на Битлси, за само три години од својот прв, стигна и до најголемиот рок концерт во британската историја.

Во славната анкета на магазинот „Кју“ од 2010-та година, публиката го прогласи Liam за најголем фронтмен на сите времиња, пред останатите големи рок ѕвезди како што се Freddie Mercury, Jim Morisson, Robert Plant и John Lennon!

Неговиот настап на Exit ќе биде посебен, бидејќи покрај хитовите на Oasis, Liam ќе го претстави и својот прв соло албум кој медиумите веќе го прогласија за еден од најисчекуваните во 2017-та година, а дури и Robbie Williams, по медиумските препирки со Liam во 90-тите, по тој повод изјави: „Liam е гласот на генерацијата и саундтрак на нашите животи. Му посакувам да сними стварно добар албум и верувам дека ќе брилира“.

Истата ноќ како и Liam, уште еден музичар кој ги полни стадионите доаѓа на EXIT, но на импозантната Денс Арена! Германскиот техно продуцент Paul Kalkbrenner неодамна настапи пред пола милион луѓе пред Бранденбуршката капија, потврдувајќи го статусот на една од најголемите ѕвезди на денешницата. Liam и Paul ќе го одбележат отворањето на фестивалот, додека пак завршната, голема журка, по пример на минатогодишниот настап на David Guetta, на главната бина ќе го приреди човекот кој последните пет години е еден од водечките три светски диџеи, од кои првопласиран е дури две години по ред – Hardwell!

На главната фестивалска сцена стигнува и гласот на новата генерација, популарниот 22-годишен англиски кантавтор Jake Bugg! Тој на EXIT доаѓа по три албуми од врвот на британските листи и дури 17 синглови, покрај настапите на најголемите фестивалски бини и „Ен-ем-и“ наградата за најдобар соло изведувач. Во четврток, на 6-ти јули на „Мејн стејџ“ доаѓа и триото кое го предводи Alan Walker, автор на хитовите „Faded“, „Alone“, „Sing Me to Sleep“ и други кои заедно достигнуваат две милијарди „ЈуТјуб“ прегледувања, додека третата вечер, на 8-ми јули, ќе настапи и популарната хип-хоп и дабстеп група Foreign Beggars!

Саботата на Денс Арена секогаш ги претставува најголемите хитмејкери, а прв во низата е Duke Dumont, чии летни химни „Ocean Drive“ и „I Got You“ ги освоија првите места на топ листите и номинација за „Греми“!

Оваа година стигнува и Robin Schulz, и тоа со „Shed A Light“, новиот хит во однос на минатото лето кога изненадната болест го спречи да ја доживее магијата на Егзит Денс Арена и да ги сподели со публиката некои од најголемите хитови од претходните години – „Sugar“, „Prayer in the C“, „Headlights“ и други! Ним ќе им се придружи и младата француска ѕвезда Kungs, чиј мегахит „This Girl“ на „Shazam – Hall of Fame“ листата ги остави зад себе и хитовите како што се „Happy“ од Pharrell или „Chandelier“ од Sia!

Исто како што минатото лето на Арената се случи своевидниот „Techno All Stars“, оваа година во првата група изведувачи се случува вистински „House All Stars“ бидејќи покрај Dumont, доаѓаат и останатите во моментов светски најбарани претставници на овој жанр: Jamie Jones, Hot Since 82 и Black Coffee! Истата ноќ со Kalkbrenner, за глетката на преполната Денс Арена, која секој изведувач го остава без зборови, ова лето ќе сведочи уште еден Германец чиј настап во живо стана вистинска глобална сензација – Recondite!

Жестокиот гитарски звук и оваа година ќе го претстави култната метал, панк и хардкор бина на EXIT фестивалот – Explosive! Дури седум од првите бендови веќе го потврдија својот настап, а оваа експлозивна група ја предводат славните германски треш металци Destruction, кои на EXIT фестивал настапуваат премиерно со новиот албум и истоимената „Under Attack“ турнеја која само во првите два месеци годинава обиколува околу 30 градови во Европа!

И легендарните британски хардкор панкери Discharge, чии песни ги обработуваа бендови како што се Metallica, Anthrax и Sepultura, се враќаат на тврдината со новиот албум, „End of Days“, а истата вечер со нив ќе настапи и нивниот мексикански пандан Acidez!

Посебно место во програмата зазема детроитската сензација и еден од најзначајните дет-метал состави на новата генерација, The Black Dahlia Murder, хедлајнерите на најголемите метал фестивали и бенд со повеќемилионска база фанови на социјалните мрежи!

На EXIT доаѓаат и американскиот грајндкор бенд во подем Full of Hell, британските скејт-панкери од групата Darko, како и романските блек-метал магови Dordeduh, бендот настанат од култниот Negura Bunget!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.