Музика
ПОВТОРНО НА ВРВОТ: „Егзит“ изгласан меѓу 10 најдобри фестивали во Европа!
Осма година по ред, EXIT е изгласан меѓу 10 најдобри фестивали во Европа и тоа во главната категорија на престижните Европски фестивалски награди (European Festival Awards), за најдобар голем европски фестивал!
На основа на повеќе од милион гласови од над 60 земји во светот, EXIT го потврди статусот на еден од водечките европски фестивалски гиганти како што се британскиот Glastonbury, данскиот Roskilde и белгискиот Tomorrowland.
EXIT Авантурата бележи уште еден голем успех бидејќи нејзиниот фестивал, Revolution во Темишвар, исто така влезе во финале и тоа во две категории! Ако судиме по искуството на Sea Dance фестивалот кој наградата ја освои во 2014 година, новиот фестивалски „Оскар“ за EXIT Авантурата би можел овој пат да стигне во Темишвар, бидејќи и Revolution фестивалот, покрај својата основна, номиниран е и во категоријата Најдобар нов фестивал.




