Музика
Познати времето и местото за одржување на Music Awards Ceremony (MAC)
Music Awards Ceremony (MAC), единствената манифестација за доделување музички признанија, која во првите две изданија собра повеќе од 450 познати од целиот регион и беше емитувана дури на седум ТВ-станици со национална фреквенција во шест држави, се враќа на голема врата, и тоа со нов концепт кој, со најсовремена продукција и комплексни аудио-визуелни елементи, носи два дена незаборавни настапи на омилените изведувачи од овие простори.
Манифестацијата која со нетрпение ја очекувавме, Music Awards Ceremony (MAC) во организација на Skymusic, ќе го собере creme de la creme-от на регионалната музичка сцена, најеминентните имиња на регионалната сцена, и тоа 25 и 26 јануари во Штарк Арената во Белград – настапите на претставниците на музичката елита на поп, алтернативниот поп, рок, рап, светска и народна музика се резервирани за првиот ден од манифестацијата, додека најголемите музички икони на треп, дрил и урбаната поп музика ќе настапат на вториот ден од церемонијата.
Новиот концепт на церемонијата, која, обединувајќи ги сите музички жанрови го обедини и целиот регион, е претставен во ЛАЈВ вклучувањето на Инстаграм-профилот на MAC, каде изведувачите кои во претходните изданија освоија некои од наградите ги номинираа своите фаворити, изведувачи и нумери кои, според нивното мислење, во последната година оставиле неизбршлива трага и најмногу придонесоа за развојот на музичката индустрија на овие простори.




