Музика
Суперхикс и 21Век снимија видео запис за синглот „Правда”
Синглот „Правда” е дел од последниот албум на Суперхикс, „Сила и Нервоза”.
Песната е создадена со заеднички напори на двата бенда, со текст од Борис Минов, додека музиката и аранжманот се дело на Суперхикс и 21Век.
Продукцијата е реализирана во студиото „ТРА ЛА ЛА” во Скопје, под водство на искусниот продуцент Мите Димовски.




