МК Сцена
„Суперхикс“ слави 30 години постоење
Некаде на крајот на 1993 година, од страна на тројца скопски другари била формирана групата Суперхикс. Сепак, за официјален датум по кој се води “роденденот“ на групата е земен 03.03.1994 година, денот кога Суперхикс во трио формација го имале својот прв настап во тогашниот дебармаалски клуб The Doors.
Сето останато е речиси тридецениска музичка историја полна со интересни приказни. Денес Суперхикс полнат 29 години и почнуваат да ја ситнат 30-ката а по повод големиот јубилеј групата подготвува славје кое ќе кулминира во март следната година со голем концерт и многу гости. Велат дека наскоро на јавноста ќе и ги обелоденат сите детали.
– Покрај “централната прослава” ова ќе биде и година на нов албум (се надеваме дека ќе имаме и винил на време), суперхиксовска изложба, акустик сесии, документарец, регрутација на младо членство (настапи низ училишта) и уште куп други активности. Да не биде не сме кажале на време..имате една година! Ваша Банда Инструментале! – ни изјавија членовите од Суперхикс.





