fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На два дена пред концертот на One Republic распродедени две категории од влезниците

МК Сцена

На два дена пред концертот на One Republic распродедени две категории од влезниците

Авалон продукција вчеравечер (два дена пред концерт) информираше дека се распродадени две од четирите категории на билети што беа пуштени во продажба за концертот на One Republic кој ќе се одржи на 1-ви јуни (понеделник) во арената Борис Трајковски.

Од денес веќе нема да ги има во продажба категориите Партер кој се продаваше по цена од 990,оо денари и Фан Пит кој се продаваше по цена од 1500,оо денари.

Инаку на овие две категории отпаѓа најголем дел од капацитетот за овој концерт, според тоа можете да процените дека доколку сакате да го гледате најголемиот концерт за оваа година во Македонија ќе треба сериозно да се потрудите и да побрзате со купување на влезни билети.

Од утре се уште ќе ги има во продажба следниве две категории:
Трибина (седење) – 1200,оо денари и
ВИП Трибина (седење) – 1500,оо денари

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.