Музика
НАГРАДНА ИГРА НА ФЕСТИВАЛОТ: Испратете селфи и освојте ја маскотата на „Пивофест“
Градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција, не го криеше своето задоволство за првата фестивалска вечер.
– „Имавме прекрасна вечер, се надевам дека сите се забавуваа, една прекрасна атмосфера, многу позитивна енергија и оваа втора вечер продолжува забавата со големите музички имиња како што се: Don Minott & Conquering Lion, Нокаут и Ален Исламовиќ, кој денеска е присутен со нас“.
– „Мило ми е што сум денеска овде. Вечерва ќе ги свириме сите оние најубави песни што ги имам пеано, се разбира зедно со Вас. Се радувам многу на овој фестивал затоа што сум за прв пат овде“, посочи Ален Исламовиќ.




