Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ниту дождот не ја расипа забавата на втората фестивалска вечер на „Пивофест“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МК Сцена

Ниту дождот не ја расипа забавата на втората фестивалска вечер на „Пивофест“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ниту дождот не можеше да ја расипе забавата на втората фестивалска вечер на „Пивофест“ во Прилеп.

Илјадниците посетители, меѓу кои домашни, но и странски гости, уживаа во музичката програма, но и ладното пиво и вкусната скара.

Први на фестивалската бина настапија реге составот „Конкеринг лајон“ со гостинот од Америка, Дон Минот кои со реге звуците ги разиграа прилепчани.

Следни настапија „Нокаут“ кои ја потсетија присутната публика на нивните добропознати хитови, а дождот кој заврна за време на нивниот настап беше само мало освежување на веќе вжештената атмосфера.

Кулминација на вечерта беше настапот на Ален Исламовиќ од „Бијело дугме“ чиј настап беше толку добро прифатен од публиката што тој продолжи да пее дури еден час повеќе.

– „Секогаш уживам кога настапувам во Македонија, а интересно е тоа што првпат доаѓам во Прилеп после долго време и тоа на Пивофест.“ – кратко изјави Ален.

Водителката Марјана Станојковска, како и секоја вечер, така и вчера ги воодушеви прилепчани со фантастичниот изглед, но и уште еднаш ги потсети за наградната игра за најдобро фестивалско селфи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.