Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

10. Издание Скопје Синема Сити: Визуелните доживувања од настапите на Влатко Стефановски на изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“

Настани

10. Издание Скопје Синема Сити: Визуелните доживувања од настапите на Влатко Стефановски на изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“

„The Vlatko Stefanovski Experience“ е насловена изложбата на фотографии која ќе биде отворена на 26 јуни, во Мала станица, со што ќе биде означен почетокот на 10. Издание на фестивалот Скопје Синема Сити, во организација на Здружението Номад-Арт од Скопје.

Првата деценија на фестивалот кој го негува музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити, со групната изложба на фотографии посветени на нашиот гитарски виртуоз, се поистоветува и со 50. годишнината од почетокот на неговата кариера.

„The Vlatko Stefanovski Experience“, на 26 јуни, во Мала станица ќе вклучи фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски – Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде.

Изложбата сведочи за многуте концерти на Стефановски низ годините, за соработки и достигнувања, видени низ призмата на реномирани фотографи и колекционери.

Идејното решение на плакатот е на Дијана Димитриевска.

Фестивалот Скопје Синема Сити, во чијшто фокус се музички документарни филмови, оваа година ќе одбележи 10 години постоење. Филмските проекции ќе се одвиваат во Кинотека на С. Македонија од 1 до 5 јули.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.