Настани
AFROJACK, VINI VICI, CLAPTONE и MACEO PLEX на ОХРИД КОЛИНГ 2024!
Овогодинешното издание на фестивалот Ohrid Calling ќе се одржува од 31 јули до 3 август во Касарна, Oхрид!
„После ланската спектакуларна фестивалска едиција, оваа година се погриживме да ги поместиме границите и да ви спремиме уште поимпресивна и повозбудлива програма! Секој настап и секој од овогодинешните хедлајнери има одредена карактеристика која го прави Ohrid Calling 2024 фестивалско издание кое не смее да се пропушти“, вели организаторот Авалон продукција.
Како ултимативен хедлајнер оваа година на сцената на Ohrid Calling пристигнува едно од најголемите имиња на dance и electronic сцената во моментов, superstar DJ – от, AFROJACK! Познат по своите експлозивни и chart – topping хитови, Afrojack ја доминира електронската и фестивалска сцена во моментов и не покажува знаци дека во блиска иднина ќе престане!





