Настани
30 НОЕМВРИ – МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС“ освежување убави музички спомени
Ако ви кажеме само Златимир Аревски можеби од прва нема да се сетите за кого станува збор, но ако ви кажеме Арчи веќе нема промашување – веднаш ќе се сетите на популарниот пејач од 90-те, човекот чиј хит „Од желба изгорен“ или како што сите ја нарекуваа „Да пукнеш леле што ми направи“. И, веројатно, веднаш ќе ви падне на ум прашањето каде исчезна, а сигурно истото ќе си го поставите и ако ги споменеме Пис брадрс. Тоа се оние момци и девојки на чии „Скопските девојки“, „Мрдам газ“, „Обичен ден“... се играше по дискотеки, на домашни журки, родендени, низ маало…
За „Сѐ е против нас“, Не плачи, не жали“, „Кучка неверна“, „Постела рози“, веројатно, не треба ни да се двоумиме дали ги паметите. Двоецот под името Куку Леле сѐ уште постои на домашната музичка сцена. Сѐ уште се активни, иако можеби стилот (музичкиот) малку им е променет, еланот и жарот за музика никако не се.







