Настани
Сѐ е подготвено за 99 МЕГАСТАРС – ден за музика, ден за награди, ден за незаборавни моменти
Одбројувањето за „99 МЕГАСТАРС“ почна. Во тек се финалните подготовки пред МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС“ – денот кога ќе си ги освежиме најубавите музички спомени, но и денот кога ќе споделиме незаборавни моменти на среќа, забава, дарување…
30 ноември е ден кога среќата ќе биде насекаде, а токму таа, исто како и музиката, им дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата, а магија и радост на нашите животи. Затоа подгответе се МЕГАквалитетно и МЕГАуникатно искуство со добра македонска музика и една поинаква, позабавна лотарија − Државна лотарија, којашто за вас ги овозможи Мегавин и „99 Мегастарс “!
На 30 ноември во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:00 часот ќе се слави музиката, успехот, ќе се одбележи најновата мегапобеда megawin.мк, новата визија, новиот симбол, една убава 15-годишнина, но и пишувањето на новите страници за уште 26 нови среќни приказни од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на мегавин“…




