39 настани за 39-тиот роденден на Центарот за култура во Битола
„Културно мени“ е насловот на програмата за овогодинешниот 39-ти роденден на центарот за култура во Битола. На менито има 39 настани кои вклучуваат театарски претстави, изложби, концерти, промоции на книги и кино проекции, со тоа што очекуваат голем број на посетители од целата држава.
“Кај нас културата се создава и се претставува. Нашиот простор живее секој 1 ден и така е 365 денови во годината. Но, овој октомври славиме 39 години од битолскиот храм на културата, така што месецот има 31 ден, но ние ќе имаме 39 настани посветени на нашиот роденден. Сите љубители на културата ги покануваме да бидат дел од нашето богато мени” – вели Маја Андоновска-Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола.
По повод роденденот гостуваат Театар Комедија од Скопје и Неда Арнериќ и Феџа Стојановиќ од Белград во тетатарската програма. За детската театарска публика во програмата е Интернационалниот детски фестивал „Битолино” со девет настани и шест тетатарски претстави. Во низата театар е и новиот театарски проект на независниот Театар Дел Арте.




