Настани
75 години од основањето на Македонскиот народен театар
Имајќи ја зад себе традицијата на патувачките и општинските театри и театрите на други јазици, во Македонија во средината на четириесеттите години започнуваат да се основаат првите професионални театри на македонски јазик. Прв од нив е Македонскиот народен театар.
Со своите први чекори го започна патувањето на огромниот број претстави кои се на неговиот репертоар, актерите кои играат со постојана страст и емоција, режисерите кои создаваат дела за кои се зборува, авторите низ чии зборови се раскажува за животот и сите личности зад сцената кои неуморно прават сѐ да се одржи магијата.





