Македонија ќе настапи на првата полуфинална вечер на Евровизија 2020
Македонија ќе биде меѓу државите кои ќе ја отворат овогодинешната Евровизија која ќе се одржи во Ротердам, Недерланд (Холандија).
Пејачот Васил Гарванлиев кој ќе ја претставува земјава, ќе настапи во првата половина од првата полуфинална вечер на 12 мај.
Освен Македонија, во оваа вечер настапуваат и Белорусија, Литванија, Шведска, Словенија, Австралија, Ирска, Русија, Норвешка, Кипар, Хрватска, Азербејџан, Малта, Израел, Украина, Романија и Белгија.




