Настани
Стефан Миленковиќ и „Профундис“ најавија спектакулен концерт утревечер во Филхармонија
Утревечер, познатиот виолински виртуоз Стефан Миленковиќ ќе настапи со македонскиот камерен оркестар Профундис на еден од најочекуваните музички настани за сезоната.
Концертот, кој ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија, е веќе целосно распродаден, а љубителите на музиката со нетрпение ја очекуваат оваа извонредна соработка.
Миленковиќ, познат по својата извонредна техника и емоционална длабочина, ќе музицира заедно со Профундис под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Заедно, тие ќе изведат возбудлива, сложена и технички најпредизвикувачка програма која вклучува ремек-дела од композитори како Паганини, Сарасате и Чајковски.







