Белград: Карлеуша и Шерифовиќ бесплатно ќе настапат за дочекот на 2022 година
Градот Белград објави дека за своите граѓани ќе организира прослава за новогодишната ноќ пред зградата на Собранието, на која ќе настапат Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ и Сара Јовановиќ, позната како Сара Јо.
Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ објави дека трите ѕвезди одлучиле да настапат бесплатно.
-Ова ќе биде еден од најдобрите европски дочеци на Нова година. Ќе пејат три големи ѕвезди, не само ѕвезди на нашите простори, туку и регионални, а и европски ѕвезди. На тој начин ќе покажеме како Белград може со нашите пејачи, нашите жени да направи една вистинска светска атракција – изјави Весиќ.




