Најава за 4-то издание на официјалниот избор на Мажи на годината (ВИДЕО)
На 24 ноември од 20 часот во Double Tree by Hilton Skopje ќе се одржи четвртиот по ред официјален избор на Мажи на годината кај нас. Настанот кој во повеќе од 70 земји во светот на едно место ги собира најуспешните мажи во повеќе категории, и кај нас го носи својот полн сјај.
-Повторно се враќаме, онака како што и му доликува на еден ваков настан, во својот препознатлив стил, во форма на вистинска гала вечер која на едно место ќе ги собере најуспешните мажи кај нас. Среќни сме што во наредниот период ќе ги избереме 13 најуспешни во 13 категории – изјавија организаторите од Џентлмен Магазин.
Како и секоја година така и оваа година, наскоро јавноста ќе може да номинира кој маж заслужува да биде избран за маж на годината. Ќе можат да кажат кој е тој кој направил најмногу изминатата година, кој уживал углед на вистински џентлмен.




