Настани
Блесна „Аеродром“ – „Новогодишна Бајка“ ги расположи скопјани
Естетски украсен парк со феноменални светилки и 15 метарска елка, новогодишен базар на кој може да се најдат уникатни производ, вкусна храна, бесплатно вино и греено вино, маскоти од цртаните филмови и многу македонска музика на “Новогодишна Бајка“ во парк „Авионче“ во Аеродром.
„Новогодишна Бајка“ го оплемени паркот “Авионче“ во Општина Аеродром со убаво спакувана новогодишна приказна, која веќе два дена на скопјани им нуди одлична програма и активности за максимално уживање.
Вчеравечер се случуваше вистински делириум на настапите на Кате „Нели ти реков“ и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле и Тони Андреев, повеќе од пола тон вино се наточи благодарение на винаријата Парагон, која по повод новогодишните празници на сите посетители на настанот во сите три дена им обезбеди бесплатно вино од нивниот асортиман а дополнително и бесплатно греено вино со мирудии.






