Настани
Дедо Мраз, „Дајте музика“, Лозано, ДНК, „Некст тајм“, Слаткар… Пет дена новогодишна магија во Крива Паланка
Дедо Мраз, „Дајте музика“, „Распеано симитче“, Пајак, маскоти, коњи со кочија и друга забава за најмладите, а многу, многу македонска музика за журка за возразните. Ете тоа ќе се случува во Крива Паланка пет дена пред да ја дочекаме Нова Година.
Детските забави ќе почнуваат напладне од 12 часот, додека вечерните журки од 19
Првата журка ќе се случи утре (вторник) кога е закажан настапот на „Тајфата“, а веднаш по нив ДНК. В среда се „Браво бенд“, а по нив е закажан настапот на Слаткар. Четврток е резервиран за „Артист бенд“ и Лозано.





