Настани
Две изведби на операта „Кармен“ во Национална опера и балет
Една од најпознатите и најизведувани опери во историјата на светските оперски куќи „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 ноември и 1 декември со почеток во 20.00 часот.
Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режијата е на Нина Најденова (Бугарија), сценограф е Елена Иванова (Бугарија), костимограф е Марија Пупучевска, светло дизајн, Васил Лисичов.
На 28 ноември, во насловната улога ќе настапи гостинката од Србија, мецосопранот Сања Анастасиа, во улогата на Дон Хозе ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Ескамилио, Ристе Велков, во улогата на Микаела, Катерина Стојановска, во останатите улоги настапуваат: Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Тихомир Јакимовски.




