Настани
Заокружете го 30 ноември – МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС“
На 30 ноември среќата ќе биде насекаде! Токму таа, исто како и музиката, им дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата, а магија и радост на нашите животи. Затоа разгалете си ги очекувањата и подгответе се МЕГАквалитетно и МЕГАуникатно искуство со добра македонска музика и една поинаква, позабавна лотарија − Државна лотарија, којашто за вас ги овозможи Мегавин и „99 Мегастарс “!
За дружбата имаме неколку поводи затоа дојдете вооружени со насмевка и позитивна енергија, дојдете подготвени да си ги освежиме сеќавањата на најголемите домашни музички хитови од 1990-те и 2000-те години и да споделиме незаборавни моменти на среќа, забава, дарување…
Временската машина ќе ја возат Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а како звучеше македонската музика на времето ќе нѐ потсетат: Искра Трпева, Peace Brothers, Ластовица, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Атанасовска, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Дарко Гроздановски, Александар Ристовски – Принц…





