Настани
Горан Бреговиќ со концерт во Скопје ќе го прослави 74-тиот роденден
Бреговиќ во Скопје доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика да ги прослави овие два убави поводи – роденденот и јубилејот.
Бијело дугме е основано во Сараево во 1974 годна со тогашниот вокал Жељко Бебек, тапанарот Ипе Ивандиќ и клавијатуристот Владо Правдиќ. Првиот албум „Кад би био бијело дугме“ им донесе голема популарност поради мешањето на хард рок музиката со балканскиот фолк. Бреговиќ денес живее во Париз и е еден од најпознатите светски музичари. Има настапувано во најпрестижните сали како „Ројал Алберт хол“ и „Карнеги Хол“, а пишува и филмска музика, свет во кој влезе по Бијело Дугме. Особено впечатливи се неговите соработки со Емир Кустурица, а музиката која носи јужнословенски и ромски теми е фузија на популарната музика со традиционалната полифона музика од Балканот, со тангото и дувачките орекстри.




