Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Концерт на Марија Шерифовиќ на 2-ри ноември во Скопје

Настани

Концерт на Марија Шерифовиќ на 2-ри ноември во Скопје

Eден од најдобрите и најспецифични вокали на денешницата, извонредната Марија Шерифовиќ доаѓа во Скопје, на голем концерт во „Арена Борис Трајковски“, на 2-ри ноември 2024-та година, во организација на „Прагма продукција“.

Со својата автентичност, фантастичните интерпретации и емоција, веќе две децении се наоѓа на врвот на регионалната музичка сцена. Изминатата година, Марија Шерифовиќ прослави 20 години успешна кариера, а тој успех го одбележа со албум кој го носи насловот „Долази љубав“, кој воедно е и името на нејзината претстојна концертна турнеја која започнува на 8-ми март во Загреб, а продолжува низ 30 градови во регионот.

Подготовките за оваа турнеја се веќе во тек, а на сцената во Скопје и на нејзиниот репертоар, освен добро познатите стари хитови, ќе се најдат и песните од новиот албум, на кој се чекаше цели 10 години.

Картите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба,, а истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, како и Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.