Настани
Изведба на операта „Травијата“ на 27 и 31 октомври на сцената на Националната опера и балет
Ремек-делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“ со две изведби на сцената на Националната опера и балет на 27 и 31 октомври со почеток во 20.00 часот.
Еден од темелите на светскиот оперски репертоар, партитурата на „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот. Токму генијалната музика, но и комплексното „безвременско“ либрето и живописните ликови кои зборуваат за универзалноста на човековата природа ја сместуваат „Травијата“ меѓу најпопуларните и истовремено најинтимни оперски ремек-дела на Џузепе Верди.





