Настани
„Ја чуваме македонската музика„ – Вечер посветена на најубавите македонски евергрини во Филхармонија
Под мотото „Ја чуваме македонската музика„ во сабота на 17 септември, во големата сала на Филхармонија ќе се одржи концерт на најубавите македонски евергрини. На концертот ќе настапат македонската оперска дива Весна Гиновска Илкова, во придружба на камерниот оркестар Арко под диригентска палка на маестро Ерхан Шукри. Извонредниот пијанист Бобан Мирковски, кој ги направи и аранжманите за овој концерт ќе ги придружува артистите на пијано.
Концертот е во организација на Баги Комуникации, ќе започне во 20 часот а билетите можат да се набават онлајн преку bileti.mk
-Среќна сум што ќе настапуваме под слоганот „Ја чуваме македонската музика„. Сметам дека е вистинско време да се потсетиме на македонските евергрини, кои се дел од нашата музичка традиција. Публиката ќе има можност да слушне нешто поразлично од оперската литература, тоа е музика која спојува многу генерации, која буди спомени од едно убаво времe – вели оперската дива Гиновска Илкова.




