Настани
Настап на Констракта за почеток на „Звукот на Скопје“ на 16 и 17 септември во Скопје
На 16 и 17 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи најновото издание на фестивалот „Звукот на Скопје“, кое во петок (16 септември) на платото пред Филхармонија го организира концертот на Констракта и „Земља грува“.
Следуваат настапите на Дина Јашари и бендот „Хајка“, низ чаршијата ќе бидат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“ ( Diaz Wojtas Duo), а во галериите на КИЦ ќе може да се погледне изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет (Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto).
На Плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко и неколку локации во чаршијата и следниот ден ќе бидат локациите на кои ќе се одржат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања.







