Настани
„Во слава на Зафир Хаџиманов“ – концерт во Филхармонија
Авалон продукција го најави последниот настан од проектот ,,Месец на 30 години Авалон Продукција” – концерт во чест на големиот Зафир Хаџиманов!
„Да бидеме реални, Република Македонија нема многу легенди како Зафир Хаџиманов, признати регионално и пошироко. Зафир нè напушти некако тивко, во едно лошо време, во време на короната и до ден денес тоа воопшто и на ниту еден начин не се одбележа во неговата матична земја, Македонија. Токму тоа нè натера, во склоп на програмата ,,30 години Авалон Продукција” да му го предложиме овој проект на неговиот син, успешниот и квалитетен музичар Васил Хаџиманов, кој тој со задоволство го прифати, а ние со уште поголемо задоволство ви го најавуваме.





