Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија

Настани

Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија

На 6 ноември (понеделник), во камерната сала на Филхармонија, гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими ќе одржи свој концерт. 

Мухамед Ибрахими е скромен, но маестрален на сцена. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо.

Специјални гости на Мухамед на овој концерт ќе бидат Агни Авшар, Ратко Даутовски и Бобан Мирковски.

Инаку Мухамед Ибрахими го паметиме како гитарист на групата БЛА БЛА БЛА, а многумина го познаваат и како творец кој практикува соработки со различни уметници. За себе вели дека е самоук, дека свири од својата 5 година на различни инструменти, но ако треба да бира, би ја одбрал гитарата. Има издадено два албума, Fly во 2014 и Devotion во 2019 година. Ова ќе биде втор негов солистички концерт оваа година, а веќе за следната година се бподготвува нов материјал и нови соработки.

Концертот ќе започне во 20 часот, а влезници можат да се набават преку платформата www.bileti.mk.

Концертот е во организација на Баги Комуникации.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.