Настани
Пола балканска естрада на роденденот на Бекстејџ
Вчеравечер, најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“ го прослави својот 16-ти роденден. Роденденската прослава беше во хотел „Холидеј Ин“, а на истата присуствуваше цела македонска и балканска естрада.
На роденденската прослава беа доделени признанија на најуспешните соработници од музичката, спортската и телевизиска сфера. Меѓу гостите беше дел од џетсетот на македонската естрада, балкански музички ѕвезди, како и политичари.
Директно од Белград, на роденденот на „Бекстејџ“ дојдоа мега популарните Нучи, Зера, Хени и Попов, кои добија награди и уживаа до самиот крај на манифестацијата.






