Настани
Констракта настапува на „Звукот на Скопје“: Скопската публика е построга и не може се да помине кај неа
Плоштадот пред Филхармонијата („Мајка Тереза“) е местото каде в петок (16 септември) ќе настапи Констракта и „Земља грува“ (Zemlja gruva), која годинава ја претставуваше Србија на натпреварот за најдобра песна на Евровизија и предизвика големо интересирање во регионалната, но и европската јавност и медиуми со впечатливиот сценски настап, ангажираноста и пораките кои ги испрати преку својата изведба.
Посочувајќи дека скопската публика е построга и не може се да помине кај неа, Констракта најави:
-Репертоарот го сочинуваат сите песни што се објавени како Констракта и оние што ги сакаме од „Земља грува“. Настапуваме како Констракта и „Земља грува“. Звукот е нешто поинаков од оној што го правевме порано, има повеќе електроника и нема дувачи, кои беа карактеристични за „Земља грува“ – вели Констракта во интервју со Весна Дамчевска за „Скопјекулт“, градскиот културен водич.





