Настани
Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека заврши Фестивалот на грчки филм
Фестивалот на грчки филм синоќа во Кинотека свечено го затвори Амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, а потоа следуваше проекцијата на филмот „Жена-Убиец/Фониса“ на Ева Натена и „Поглед од балконот“ – краток филм на Арис Капланидис.
Амбасадорката Филипиду се заблагодари на соработката на Фестивалот Киненова и на Кинотеката на Северна Македонија и посочи дека филмот на Ева Натена со кој се затвора годинешното издание говори за една измачена постара жена која што убива женски новороденчиња за да ги спаси од нивната темна судбина.
– Филмот е инспириран од култниот роман на познатиот грчки писател Александрос Пападијамантис. Тој е еден од најистакнатите грчки писатели, чии дела имаа големо влијание на модерните грчки автори, а неговиот роман се разгледува низ призмата на родовите студии, рече Филипиду.




