Настани
Македонска премиера на оркестарска верзија на Македонисимо на Симон Трпчески и пријателите
По исклучително успешната светска оркестарска премиера на проектот МАКЕДОНИСИМО минатата година во, веројатно најпрестижната концертна сала во светот, Музикферајн (Musikverein) во Виена, заедно со Тонкунстлер оркестарот од Австрија под диригентската палка на нивниот шеф-диригент Маестро Јутака Садо, македонскиот камерен оркестар „АЈГА“ во соработка со КултурОп ќе ја претстават македонската, а воедно и балканска премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО.
МАКЕДОНИСИМО / оркестарска верзија се базира врз транскрипции на македонска традиционална музика од нашиот композитор Панде Шахов, во соработка со Симон Трпчески
Како што истакна екипата уште од почеток на реализацијата, овој проект му го посвети на македонскиот народ. Дека почитта е взаемна, публиката покажа и на квинтет-изведбите на проектот низ земјава, на отворено, почнувајќи од с. Збажди на планината Караорман, преку Скопје, Битола и Штип, заклучно со струмичкото село Секирник, на кои овациите кажуваа се’.




