Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Меѓународниот ден на џезот се одбележува со седмото издание на „Today It’s All About Jazz“ во Скопје

Настани

Меѓународниот ден на џезот се одбележува со седмото издание на „Today It’s All About Jazz“ во Скопје

Седмото издание на џез хепенингот „Today It’s All About Jazz“ се одржува денеска во паркот „Ибни Пајко“.

Организиран од Здружението за џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, програмата вклучува настапи од различни џез изведувачи, вклучувајќи џез за деца и млади.

Меѓународниот ден на џезот е прогласен од страна на УНЕСКО во 2011 година, со цел да се истакне џезот и неговата дипломатска улога во обединувањето на луѓето во сите краишта на светот. ЗЏМ Скопје го организира централниот настан за одбележување на Меѓународниот ден на џезот во земјава и има официјална потврда и благодарница од Херби Хенкок, џез-пијанист и амбасадор на добра волја на УНЕСКО.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.