„Младите доаѓаат“, настап на талентирани ученици со Филхармонија
„Младите доаѓаат“ е насловот на претстојниот концерт на Филхармонија кој ќе се одржи овој четврток, на 23 мај во 20 часот.
Следејќи ја традицијата, и оваа година со Филхармонија ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција.
Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, Штраус, Рахмањинов…




